Падна првата трансфер-бомба – Халанд ќе биде нов играч на Манчестер сити

Трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер сити ќе биде првата летна трансфер -бомба.

Одличниот норвешки напаѓач ќе дојде во тимот којшто го води Пеп Гвардиола, а неговиот актуелен тим, Борусија Дортмунд, ќе добие обесштетување од 75 милиони евра.

Халанд и неговиот агент Мино Рајола ги договориле условите со премиерлигашот и фудбалерот ќе има чиста неделна плата од 500 илјади фунти, тоа на годишно ниво би било околу 26 милиони фунти, односно речиси 30 милиони евра.

Сепак, тука не се пресметани бонусите, кои според англиските медиуми, можат да му донесат дополнителни 10 милиони евра на Халанд.

Напаѓачот во Борусија Дортмунд дојде во 2020 година и на 63 натпревари постигна 58 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести