-1.2 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Падна првиот гол во новата сезона во ЛШ, стрелец е Канаѓанец со родители од Нигерија

Канаѓанецот Промис Дејвид е стрелец на првиот гол во новата сезона во фудбалската Лига на шампиони. Тој погоди од пенал за водство на Ројал Унион на гостувањето кај ПСВ Ајндховен.

Овој 24-годишен напаѓач чии родители се Нигеријци од лани е во Ројал Унион Сен Жилоа, каде што дојде од естонскиот Номе Каљу, а во периодот од 2019 до 2021 година беше во хрватскиот нисколигаш Трње од Загреб.

Ова е првпат во историјата на ЛШ првиот гол во сезона да постигне играч од Северна или Средна Америка. Интересно е дека никогаш не се случило титулата да ја освои тимот кој прв дал гол, таа традиција сигурно ќе продолжи со оглед на тоа дека Белгијците се аутсајдери во натпреварувањето, иако водат 2-0 по првиот дел против фаворизираниот ПСВ.

- Оглас -

Најнови вести