Падна рекорд на АБА лигата, а падна и Ѕвезда во дербито против Партизан!

Партизан ја совлада Црвена ѕвезда со 92-81, и направи голем чекор кон обезбедување на првото место после регуларната сезона во АБА лигата.

Фановите на Црно-белите ја исполнија белградската „Штарк арена“, на трибините имаше 17.124 гледачи, што е нов рекорд на посета на еден меч од регионалната АБА лига.

Ѕвезда предводена од расположениот Кампацо, го доби првото полувреме со 48-34, но во второто полувреме целосно се смени сликата, доминираа домашните кои бодрени од публиката, направија пресврт, па второто полувреме го добија со 25 поени разлика.

За Ѕвезда ова е втор пораз по ред, па сега Партизан е прв со еден бод предност.

- Оглас -

Најнови вести