Падна рекордот на најбрз сервис во историјата на Вимблдон, а поенот го освои противникот (Видео)

На Вимблдон вчера беше поставен нов рекорд за најбрз сервис во историјата на славниот лондонски гренслем турнир кој се игра на тревната подлога.

Французинот со конгоанско потекло, Џовани Мпетши Перикар, на дуелот со Тејлор Фриц, имаше сервис со брзина од 246 километри на час, и тоа е нов рекорд на Вимблдон.

Интересно е дека овој бомбастичен сервис не му помогна на Перикар да освои поен. Не само што немаше ас, туку Фриц одлично се одбрани, и ритернот му помогна да ја преземе контролата врз поенот кој успеа да го освои на крајот.

Овој меч беше прекинат при резултат 2-2 во сетови, Фриц губеше 0-2, сега е во егал, а во четирите сета имаше само еден брејк, што покажува колку добро сервираа двајцата и не дозволуваа да загубат гејм на свој сервис.

- Оглас -

Најнови вести