Падобранец требаше да ја донесе топката за старт на мечот, но… (Видео)

Мечот меѓу Тулуз и Салес шаркс во осминафиналето на Чемпионс купот во рагби имаше еден неочекуван инцидент. Воен падобранец кој беше дел од церемонијата на отворањето, требаше симболично да ја донесе топката пред почеток на средбата, но остана да виси на кровот од стадионот во Тулуз.

Падобранецот не успеа успешно да се спушти откако дел од неговата опрема се закачи на кровот од стадионот.

Сите кои беа на стадионот останаа збунети и во неизвесност како ќе успее падобранецот да се симне безбедно. Веднаш реагираа пожарникари, екипи за спасување и лекарски екипи, па на крајот падобранецот безбедно беше спуштен на земја.

Поради овој инцидент, почетокот на мечот беше одложен за 40 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести