Падот на Марк Маркес сепак не бил наивен, а иако светскиот првак во Мото ГП веднаш стана и покажа дека се е в ред, сепак во болница е утврдено дека ја скршил десната рака.
Шампионот падна на четири круга до крајот на премиерната трка во новата сезона и сега ќе мора да оди на операција. Маркес ќе пропушти една, или две трки во Мото ГП, а на патеката во Херез и на почетокот имаше проблем.
Шпанецот излета од патеката во петтиот круг, но успеа некако да се врати и потоа од последното место стаса блиску до водечкиот двоец Квартараро и Вињалес, но повторно му се случи пех и овојпат и тежок пад.
https://twitter.com/teetaty/status/1284829868618735616?s=20
Веднаш замина во болница каде е потврдено дека има скршеница на десната рака.