14.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Пафос ја шокираше Црвена ѕвезда во финишот, Бодо/Глимт осигура ЛШ уште на првиот меч

Српскиот првак Црвена ѕвезда не успеа да се пласира во елитата, откако одигра 1-1 против Пафос во реваншот од плејофот за пласман во групната фаза во ЛШ.
Пафос успеа да стигне до 1-1 со голот на Жажа во 89-тата минута, шокирајќи ги фудбалерите на Црвена ѕвезда кои имаа водство и се подготвуваа за продолженија.


Пафос обезбеди историски пласман во ЛШ, благодарејќи на победата од 1-2 во Белград на првиот меч.

Мирко Иваниќ во 60-тата минута постигна гол и ја врати надежта за пласман во ЛШ кај Црвена ѕвезда, но, сепак, Жажа возврати во финишот.

За Црвена ѕвезда останува утехата, настап во Лигата на Европа.

Историски пласман во ЛШ обезбеди и Бодо/Глимт, кој загуби со 2-1 на реваншот против Штурм, но обезбеди огромна предност од 5-0 на првиот меч во Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести