Многумина се изненадија кога кипарскиот првак го ангажираше бразилскиот дефанзивец Давид Луиз, а сега Кипраните се амбицираа да доведат познат ветеран и за засилување на нападот, тоа е Единсон Кавани.
Уругваецот игра за Бока јуниорс, а почнал да размислува за понудата која му ја испратил газдата на Пафос, Русинот Сергеј Ломакин.
Ако „Ел Матадор“ потпише за Пафос, тоа би било атракција, но сигурно не би играл во баражот за ЛШ против Црвена ѕвезда, туку би им се приклучил во лигашкиот дел на Лигата на шампионите или Лига Европа.