Бразилскиот голман Фабио го израмни рекордот на англиската легенда Питер Шилтон по бројот на одиграни официјални фудбалски натпревари.
Фабио кој наскоро ќе наполни 45 години, го стигна Шилтон кој бранеше на 1.390 меча во кариерата. Ноќта вторник кон среда, Фабио со својот Флуминенсе игра меч против Америка Де Кали од Копа Судамерикана, и тоа ќе биде негов 1.391-ви меч со што ќе стане рекордер во историјата на фудбалот и ќе влезе во книгата на рекорди.
Фабио играл сениорски натпревари за Униао Бандеиранте (30), Васко да Гама (150), Крузеиро (976) и Флуминенсе (234) во професионална кариера што трае 28 години. Шилтон уште преклани најави дека ќе биде првиот што ќе му честита на Фабио ако му го урне рекордот кој трае речиси 30 години.
Фото: Marcelo Gonçalves/FFC