Паѓа снег, а Дел Потро се бања во отворен базен (Видео)

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро, се пофали дека се наоѓа на едно од најубавите места во областа Патагонија во неговата родна земја, и покажа храброст со тоа што на снежно време влезе во базен.

Пред еден месец, Дел Потро го повреди коленото и беше опериран, па нема да може да игра уште неколку месеци. Тој почна со рехабилитација, веќе оди самостојно, без патерици, а зимувањето (во Аргентина, како и секаде на јужната полутопка е зима) во еден луксузен хотел, 12-тиот на АТП листата го искористи за да влезе во надворешниот базен, иако времето беше студено и вееше снег.

- Оглас -

Најнови вести