Паје го запали „Велодром“ со два гола – Марсеј прв стигна до 4.000 голови во Лига 1

Димитри Паје го запали „Велодром“ со два гола во мрежата на Лион, во дербито на 13-тото коло во Лига 1, а со вториот погодок се запиша во книгата со рекорди во Франција.

Во 39-тата минута Паје го постигна вториот гол за Марсеј, екипа која прва стигна до 4.000 голови во Франција. Ниту еден тим досега ја нема минато таа граница, што сега му успеа на клубот со најмногу титули, десет, колку што има и Сент Етјен.

По првото полувреме Марсеј води против Лион со 2:0.

- Оглас -

Најнови вести