Навивачите на Ливерпул повторно се организираа и ќе чекаат до пред полноќ за да го прослават заедно доделувањето на шампионскиот пехар по мечот со Челзи што е во тек на празниот „Енфилд Роуд“.
Со запалени факли и навивање, симпатизерите на Ливерпул ги поздравуваа нивните херои денеска пред мечот со Челзи од претпоследното коло во Премиер лигата.
Еднаш веќе се славеше во градот што повторно има фудбалски шампиони по пауза од 30 години, а тоа беше моментот кога Ливерпул стана недостижен за Манчестер сити на табелата.
Сега ќе има нова прослава, барем според реакцијата на симпатизерите на Ливерпул, а поводот ќе биде доделувањето на шампионскиот пехар, 19-ти во колекцијата на вториот најтрофеен клуб во Англија.