Легендарниот шведски тенисер Матс Виландер, кој работи како аналитичар за телевизијата „Еуроспорт“, честопати знаел да го потцени или критикува Новак Ѓоковиќ, а тоа се случи и сега на Отвореното првенство на Австралија. Ни Србинот не му остана должен.
Виландер целосно го отпиша Новак од борбата за титулата на Отвореното првенство на Австралијан опен, а даде и контроверзна изјава на која самиот Ѓоковиќ мораше да реагира.
Швеѓанецот смета дека Ѓоковиќ тоа што ги фали своите најголеми ривали Јаник Синер и Карлос Алкараз, е само тактика.
„Ме изненадува што толку често вели дека Синер и Алкараз се најдобри на светот и дека се многу подобри од него. Без разлика дали е вистина или не, дури и ако е љубезно од негова страна, тој не треба да го кажува тоа“, порача Виландер, додавајќи:
„Веројатно се обидува да го намали притисокот врз себе и да ги натера луѓето да заборават дека тој е сè уште кандидат за најголемите работи. Сепак, не мислам дека тоа е стратегија; тоа е едноставно негова филозофија. Тој го гледа светот јасно: сè е црно или бело кај него“.
Новак имаше краток одговор:
„Имам голема почит кон Матс, но не мислам дека ми требаат неговите совети“, рече Ѓоковиќ.

