Пак сме хит во регионот и во светот по лошо, овојпат со срамниот пенал (Видео)

Пеналот кој беше досуден за Слога Виница на дуелот со Тиквеш од Втората лига Исток стана хит на социјалните мрежи и толку брзо се рашири, што веста ја презедоа и многу спортски спортали од регионов и пошироко.

За жал, Македонија во последно време е фудбалски хит поради негативни работи, најпрвин поради висината на головите пред мечот Шкендија – Тотенхем, а сега и поради досуден непостоечки пенал.

Судијата Петар Мантев од Неготино досуди пенал против кавадаречки Тиквеш, иако на снимката се гледа дека нема никаков фаул во 16-никот на гостите. Тиквеш сепак направи пресврт и победи со 3-1.

Погледнете го пеналот врз Иван Митров тука:

- Оглас -

Најнови вести