32.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Пакета го спакува Бразил на Светско првенство во Катар

Бразил е првата репрезентација од Јужна Америка која обезбеди учество на Светското првенство во Катар, иако има уште дури шест кола за играње во јужноамериканските квалификации.

Кариоките се единствените што играле на сите досегашни Мундијали и таа традиција продолжува.

Победата од 1-0 рано утрово против Колумбија ја донесе Лукас Пакета со гол во 72-рата минута. Пакета во дресот на националниот тим има шест гола, од кои три му се по асистенција на Нејмар.

Важна победа од 1-0 извојува и Чиле на гости кај Парагвај, а Перу немаше проблем со Боливија и славеше со 3-0. Вечерва на полноќ се игра дербито Уругвај – Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести