Пакистанец испиша историја на ЛОИ, а постави и нов олимписки рекорд (Видео)

Пакистанецот Аршад Надем стана првиот атлетичар од оваа земја кој освоил златен олимписки медал. Надем блесна во натпреварот на фрлање копје и сосема заслужено стигна до најсјајното одличје.

Атлетичарот од Пакистан не само што го освои златото, туку постави и нов олимписки рекорд, кој досега беше во сопственост на Андреас Торкилдсен. Во втората серија од фрлањето, Надем успеа да фрли 92,97 метри и речиси за еден и пол метар го надмина досегашниот рекорд кој изнесуваше 90,57 метри.

Светскиот рекорд кој е во сопственост на легендарниот Јан Железни и изнесува 98,48 метри остана незагрозен.

 

- Оглас -

Најнови вести