Тренерот на Аталанта, Рафаеле Паладино, мораше да „проголта горчлив залак“ поради поразот со 1-6 од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Тој го пофали настапот на противникот и призна дека играчите на Баерн во одредени моменти биле незадржливи.
Сепак, Паладино е категоричен дека нема да прави големи промени и на овој пораз че гледа како на корисно искуство.
„Прво, да им честитаме на Баерн. Многу силен тим, навистина беа незадржливи во одредени моменти. За нас, најдобар играч беа нашите навивачи. Сакам да им се заблагодарам. Неуморно не поддржуваа до самиот крај, и покрај поразот. Ова е искуство што ќе ни помогне да растеме. Би играл на ист начин ако треба да се натпреваруваме повторно. Ако стигнавме до тука, до полуфиналето на Купот на Италија и борбата во првенството, тоа е поради нашиот менталитет и затоа би играл исто повторно“, изјави Паладино.
„Во второто полувреме физички паднавме. Тие дриблаат и имаат неверојатно силни крила. Ова е тим кој е предодреден да стигне до крајот. Сепак, задоволен сум од тимот, кој се бореше до самиот крај. И повторно сакам да им се заблагодарам на навивачите“, истакна тренерот на Аталанта.

