Исклучувањето на средбата со Венеција во минатото коло е причината поради која Александар Трајковски ќе го нема вечерва на гостувањето на Палермо кај Карпи. Овој меч од италијанскатра Серија Б почнува во 21 часот. Сепак, на теренот на стадионот „Сандро Кабаси“ ќе има еден Македонец, тоа е Илија Несторовски.
Тренерот Роберто Стелоне изјави дека вечер ќе им треба храброст и убиствен инстинкт за да ја оправдаат фавовритската улога и жали што Трајковски нема да биде во тимот.
„Мора да ги користиме шансите против Карпи, кој ќе биде многу борбен. Отсуствата на Трајковски и Муравски ми ги сменија плановите кои ги имав околу ротацијата. Несторовски и Јајало се во добра форма и ќе се обидам да извлечам максимум од нив. Тоа што често даваме голови во последните минути е доказ за психичката цврстина на екипата, за квалитетот на момчињата и добриот физички аспект“, изјави Стелоне.