Палермо повторно на продажба

Италијанскиот второлигаш Палермо повторно е на продажба. Клубот трага по нови сопственици откако британската компанија „Спортс капитал инвестментс“ не ги подмири сметките ниту со претходниот газда Маурицио Ѕампарини, ниту со платите на играчите.

Ѕампарини во декември 2018 година се согласи да го продаде Палермо на компанијата чиј сопственик е Клајв Ричардсон, но за британскиот бизнисмен се подготвува тужба откако на Ѕампарини не му била исплатена договораната сума. Ѕампарини веќе еден месец е во куќен притвор поради што е обвинет за перење пари, а пред да го продаде клубот го постави Емануел Фачиле за извршен директор на Палермо.

Токму извршниот директор потврди дека Палермо е на продажба: „Новите сопственици со нетрпение чекаат да се ослободат од обврските на клубот“, истакна Фалиле за италијанските медиуми.

Додека Палермо се бори за промоција во Серија А, може претрпи и елиминација во понизок ранг доколку не бидат исплатени платите на играчите и сите вработени до сабота, 16-ти февруари.

 

- Оглас -

Најнови вести