Палермо се спаси: Нема да биде исфрлен во Серија Ц, но нема да игра ниту за Серија А

Палермо останува во Серија Б. Клубот во којшто играат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски нема да биде исфрлен во Серија Ц откако судот ја прифати жалбата на клубот од Сицилија.

Според резултатите од оваа сезона, Палермо требаше да игра во плејофот за разигрување во Серија А, но сепак ни тоа нема да се случи бидејќи клубот е казнет со 20 бодови, па наместо освоените 63 бодови, сега има 43 бодови (доволно за 11-тото место).

Казната на Палермо беше поради финансиски малверзации на претходниот сопственик Маурицио Цампарини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести