Екипата на Палермо, каде што во минатото настапуваа Александар Трајковски и Илија Несторовски, се бори повторно да се врати во Серија А. По 19 одиграни кола, Палермо е на шестото место во Серија Б со 32 бода, но има само три помалку од второпласираната Венеција.
Синоќа Палермо на свој терен славеше против Кремонезе со 3:2, и тоа благодарение на пресвртот во второто полувреме. Гостите поведоа со 1:0, па Палермо израмни, а до крајот на првиот дел, Кремонезе се израдува и на втор погодок.
Во вториот дел Палермо тргна многу поофанзивно и најпрво израмни на 2:2 во 72-рата минута, а во 90+7 минута со гол директно од слободен ударм и тоа речиси од аут-позиција, направи целосен пресврт.
[Serie B] Palermo [3]-2 Cremonese – Leo Štulac 97′
byu/Cerxa insoccer