Палестина мечтае за настан на СП 2026, ќе биде ли тоа најемотивната спортска приказна?

Квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година веќе започнаа на неколку континенти. Во Азија веќе започна втората фаза од квалификациите, каде што се приклучија најдобрите селекции од овој континент.

Во првото коло од квалификциите посебно внимание предизвика мечот на којшто Палестина гостуваше кај Либан, а на крајот заврши без голови. Ова реми е одлична најава за Палестина да се бори за едно од првите две места во групата, во која се уште и Австралија и Бангладеш.

Во првото коло, Австралија убедливо со 7:0 го победи аутсајдерот Бангладеш и Кенгурите се главни фаворити за првото место во групата, додека за втората позиција, која води во третата фаза од квалификциите, треба да се борат Палестина и Либан. Фактот дека Палестина освои бод на гости кај Либан дава адут за Палестина да верува во освојување на второто место.

Поголемиот дел од репрезентативците на Палестина настапуваат во арапските земји, а само четворица играат во Европа. Голманот Амир Кадур е дел од шведскиот второлигаш Ландскрон, играчот за врска Ата Џабер е дел од Нефчи во Азербејџан, а напаѓачот Салех Чихаде е во швајцарскиот нисколигаш Криенс. Најголема ѕвезда е Одај Дабах, кој е дел од белгискиот Шарлроа и неговата вредност се проценува на 1,5 милиони евра.

Палестина е во пеколна војна со Израел, земја која реши жестоко да врати по првичниот напад што ги изврши Хамас на територија на Израел. Палестина утре ќе игра против фаворитот Австралија, и тоа како домаќин во Кувајт.

- Оглас -

Најнови вести