Палестина освои голем бод на гостувањето во Либан

Селекциите на Либан и Палестина одиграа 0-0 во меч од втората фаза од квалификациите за Светско првенство во фудбал. За Палестинците ова беше прв официјален меч од почетокот на војната со Израел.

Во оваа група од квалификациите, прва е Австралија и Кенгурите нема да имаат проблем да одат во третата фаза, а за второто место ќе се борат Либан и Палестина, додека аутсајдер е Бангладеш.

- Оглас -

Најнови вести