0.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Паличка не погоди за победа на Шведска, Унгарците не добија седмерец, па на крајот ремизираа

Шведска пропушти златна шанса да ја обезбеди својата позиција на Европското првенство и одигра возбудливо реми со Унгарија (32-32), во последниот натпревар од денешната програма на шампионатот што се одржува во Скандинавија.

Дуелот донесе вистинска драма до самиот финиш. Иако Швеѓаните имаа водство во клучните моменти, Унгарците не се предадоа и останаа во игра.


На самиот крај имаше контроверзна ситуација – Шита тргна во пробив кој можеше да заврши со седмерец, но судиите проценија дека станува збор за офанзивен фаул. Само миг подоцна, Паличка се обиде со удар преку цел терен кон празниот гол, но топката заврши покрај дирекот.

По ВАР-проверката, арбитрите од Германија останаа на првичната одлука, а натпреварот заврши без победник.

Овој кикс сериозно ѝ ги компликува сметките на Шведска во трката за пласман понатаму. Поради претходниот пораз од Исланд, Швеѓаните веќе не ја држат судбината во свои раце. Доколку Исланд слави против Словенија, Шведска ќе мора да се надева на кикс на Унгарија, додека комбинацијата победа за Шведска и пораз на Исланд е единствената сигурна патека кон нокаут-фазата.

- Оглас -

Најнови вести