Тотенхем успеа да извлече реми (1-1) и да освои еден бод иако беше во речиси безизлезна ситуација против Вулверхемптон на домашен терен. Сепак, Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91-та минута и го спаси тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше своја вечер на дуелот со последнопласираниот тим во Премиер лигата.
Сантијаго Буено го доведе Вулверхемптон во водство во 54-та минута, а Тотенхем не делуваше како тим кој има одговор.
Сепак, една добра акција во финишот донесе бод за тимот од Лондон.