Палмеирас е прв четвртфиналист на Светското клупско првенство

Палмеирас го доби бразилскиот дуел против Ботафого со 1-0, по продолженија, и се пласира во четвртфиналето на Светското клупско првенство. Паулињо во 100-тата минута беше стрелец на победничкиот гол за Палмеирас.

Бразилскиот тим во четвртфиналето ќе го очекува подобриот од пресметката меѓу Бенфика и Челзи.

Палмеирас во последните минути од второто продолжение играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Густаво Гомез.

- Оглас -

Најнови вести