Палмеирас преживеа во Копа Либертадорес и без џелатот Данило (Видео)

Палмеирас го доби возбудливото бразилско дерби против Атлетико Минеиро по подоброто изведување на пеналите и ќе игра во плуфиналето на Копа Либертадорес, иако патот кон титулата му беше сериозно загрозен од двајца свои фудбалери.

Особено лош беше потегот на 21-годишниот играч за врска Данило дос Сантос де Оливеира, кој без причина крвнички стартуваше во 29-тата минута во дуелот со Зарачо и веднаш беше исклучен.

Среќа за Аргентинецот е што мина без сериозна повреда по бруталниот фаул од Данило.

Danilo (Palemeiras) straight red card for a very bad tackle on Zaracho (Atletico Mineiro) 29′ (Copa Libertadores Quarter-Final) from soccer

Палмеирас потоа имаше уште еден исклучен фудбалер, во 82-рата минута црвен картон доби Скарпа, а во последните моменти од тензичниот реванш-меч во Лигата на шампионите на Јужна Америка исклучен беше и Варгас кај гостите.

Во пенал-серијата домашните играчи ги погодија сите шест пенали, а кај Атлетико утна Рубенс за пласман на двојниот јужноемарикански првак во полуфиналето на Копа Либертадорес.

Таму ќе играат со подобриот од двомечот меѓу Атлетико Паранаенсе и Естудијантес.

Во второто полуфинале ќе се судрат Фламенго и Велес Сарсфилд.

- Оглас -

Најнови вести