Палмеирас – Крузеиро (00ч – Прва лига Бразил, 19-то коло)
Актуелниот шампион со евентуален триумф може да се изедначи со Фламенго на врвот на табелата, а за тоа ќе треба да го повтори резулатот против Крузеиро од пред една година. Последен пат кога овие две екипи се сретнаа во првенствени рамки на „Алијанц парк“, Палмеирас славеше со 3-1, а знаејќи дека во каква форма се и двете екипи, можно е одново да има фестивал на голови.
Палмеирас полека се стабилизира и нанижа две победи во шампионатот, додека Крузеиро во претходното коло го претрпе осмиот овосезонски пораз по 18 меча. Нивната разнишана одбрана која досега прими 27 гола е добра статистика за домаќините, кои во седум од 10-те победи постигна два или повеќе гола.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.40)
Шапекоенсе – Васко Да Гама (00ч – Прва лига Бразил, 19-то коло)
Само три победи по вкупно 18 натпревари, го оставија тимот на Шапекоенсе при дното на табелата во бразилската елита, а ноќеска им гостува екипа против која повеќе од две години не знае за позитивен резултат. Но, недостатокот на неколку фудбалери на Васко поради повреди, може да биде шанса за домаќините да издвојат три бода и да ја прекинат мини-серијата од два порази.
Двете екипи според учинок се на исто скалило, постигнаа по 16 погодоци досега, но Шапекоенсе прими пет гола повеќе (30) за разлика од Васко (25). Од 2015 година па наваму, само еден меч завршил со резултат од 1-0, а на останатите средби гол-гол е најчеста појава.
Предлог тип: ГГ3+ (3.05)
Атланта јунајтед – Колумбус кру (01ч – МЛС лига)
Во финишот на регуларниот дел од сезоната, актуелниот шампион веќе го обезбеди своето место во плејофот, додека Колумбус има минимални шанси за такво нешто. Филаделфија во претходното коло стави крај на импресивната низа на Атланта од осум последователни победи, а ноќеска треба да се вратат на вистинсткиот пат и да запишат лесни бодови против „екипажот“ на Колумбус.
Атланта ги доби три од последните пет првенствени сребди против Колумбус, а во сите тие дуели се постигнале најмалку по два гола. Тоа значи дека тресењето мрежи не е проблем, за затоа очекувањем ефикасен меч на домашната екипа.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.15)
Филаделфија јунион – Лос Анџелес ФК (01:30ч – МЛС лига)
Најквалитетниот тим од Западот ноќеска гостува втората најефикасна екипа од Источната конференција во дуел кој е означен како дерби на денот во МЛС лигата. Двете екипи веќе ги обезбедија пласманите во разигрувањата, Лос Анџелес се неприкосновени на лидерската позиција со 17 бода предност, додека Филаделфија има шанси да го престигне Њујорк на Истокот.
Единствената пресметка на Ел – Еј и Фили се одигра пред повеќе од една година, а калифорниската франшиза славеше со убедливи 4-1. Затоа ќе очекуваме сличен исход, знаејќи го нивниот напаѓачки потенцијал.
Предлог тип: ГГ4+ (2.03)
Хуракан – Ривер плејт (01ч – Прва лига Аргентина, шесто коло)
Хуракан е тим кој често знае да му направи проблеми на актуелниот јужноамерикански првак, но Ривер мора што побрзо да востпостави стабилност и да се приклучи на водечките екипи на табелата. По пет меча Ривер освои вкупно осум бода, а веќе две кола се без позитивен резултат.
Затоа ноќеска се очекува од Ривер да ја осигура „двојката“, без разлика што на гости кај Хуракан не забележале победа од 2011 година. Ретко кога дуел на овие две екипи завршил со повеќекратно тресење на мрежите, но за гостите и минимален триумф е доволен за три бода.
Предлог тип: 0-1I & 0-1II (2.20)