Палмер: Извини Нкунку, морав да ти го „украдам“ голот поради Фантази Премиер лигата

Фудбалерите на Челзи со победата од 5-1 на гостувањето кај Саутхемптон се искачија на второто место во Премиер лигата и се вклучија во борбата за титулата.

За Челзи во синоќешниот натпревар голови постигнаа: Аксел Дисаси, Кристофер Нкунку, Нони Мадуеке, Коул Палмер и Џејдон Санчо, а посебно интересен беше голот на Палмер за 4-1.

Во 77-мата минута Нкунку излезе пред голманот на Саутхемптон, Џо Ламли, и со одличен дриблинг ги помина и него и еден дефанзивец од домаќините, испраќајќи ја топката кон голот.

Меѓутоа, пред да влезе топката во мрежата, Палмер успеа да стигне до неа и да ја уфрли во мрежата, на тој начин „крадејќи“ го голот од својот соиграч.

Откако постигна голот, Палмер се поздрави со Нкунку пред да ја започне својата прослава, а Французинот се смееше бидејќи ја разбрал ситуацијата. По натпреварот, Палмер јавно му се извини на Нкунку и призна дека го „украл“ голот поради Фантази Премиер лига.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Cole Jermaine Palmer (@colepalmer10)

„Извини Нкунку, но играчите на Фантази Премиер лигата требаше да го имаат мојот гол“, му порача Палмер, а Французинот му одговори дека нема проблем со тоа.

Палмер со својот гол на Фантази донесе 7 поени за оние што го имаа во својата екипа, а досега е втор на листата по број на Фантази поени со 107. Пред него е само Мохамед Салах со 151 поен.

- Оглас -

Најнови вести