Ѕвездата на Челзи, Кол Палмер, изјави дека не планирал да се пресели во лондонскиот клуб, но некако успеале да го убедат.
„Не планирав да одам во Челзи и не сакав. Агентот ме убедуваше. Се сеќавам дека во средата попладне тренирав со Манчестер сити и вестите велеа дека тие се обидуваат да преговараат за обештетувањето. Секогаш кога топката излегуваше во аут, ги прашував одговорниот за опремата и докторот дали веќе се договориле. Набрзина беше, не добив шанса на многу луѓе да им кажам дека одам. Само требаше да си ги земам работите. Тоа е реалноста во фудбалот на највисоко ниво: нема збогум, освен она што може да се каже преку текстуална порака. Испратив порака во групниот разговор и тоа беше тоа“, раскажува Палмер, кој сакал да оди само на позајмица во Челзи, а потоа да се врати во Сити, но судбината имаше други планови.
Палмер премина од Сити во Челзи во септември 2023 година за 47 милиони евра. Оттогаш 22-годишниот фудбалер настапи на 58 натпревари, постигна 32 гола и има 20 асистенции.