Паметиме и триумф од 45 поени разлика против Естонците – Македонија оди на стартна победа за ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 20.15 часот ќе ги почне квалификациите за настап на Европското првенство следната година, а првиот ривал го познаваме добро и со Естонците ќе го играме осмиот меѓусебен меч.

Тие водат со 4:3 во победи, но Македонија го памети блескавиот меч и победа во август 2007, кога ги декласиравме Естонците со 95:50.

Тоа е највисоката победа во историјата на македонската репрезентативна кошарка, а вечерва се важни и бодовите, веројатно и кош-разликата која може да одлучува во групата во која се уште и Русија и Италија.

Македонија вечерва почнува нов циклус за настап на ЕП, а имаме тим кој е подновен и подмладен, но и кадарен да се бори за место што води на континенталниот шампионат.

Мечот ќе се игра во салата „Борис Трајковски“, а влезниците чинат 100 денари и целиот приход ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

- Оглас -

Најнови вести