Нов балкански пекол за Каталонците, Панатинаикос може да ја симне Барса од второто место во Евролигата

Пет натпревари се на вечерашното евролигашко мени, а во Sport Life имате опции да се обложите на некоја од многуте игри, како и на голем број индивидуалци, може да погодувате број на поени, скокови и асистенции на кошаркарите во понудата.

Особено интересно треба да биде во Атина, каде што Панатинаикос ја пречекува Барселона во директен дуел за второто место. Ситуацијата на табелата е таква што ако ПАО ги победи Каталонците, може да се случи по ова коло дури четири тима (Барса, Панатинаикос, Монако и Фенербахче) да имаат ист скор и да бидат на делба од второто до петтото место. За такво нешто ќе треба да победат и Монако и Фенер.

Црвена ѕвезда го пречекува Виртус Болоња, клубот од кој летоска Милош Теодосиќ се пресели во белградските Црно-бели. Виртус има три порази по ред, а брка место во плејофот.

- Оглас -

Најнови вести