26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Панатинаикос му краде две ѕвезди на Реал Мадрид?!

Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос планира да го искористи застојот во преговорите на Реал Мадрид со двајца свои клучни кошаркари, и да ги донесе во Атина.

Како што стојат работите, Еди Таварес и Марио Хезоња од следната сезона наместо Кралскиот, ќе го носат зелениот дрес на Панатинаикос.

Преговорите меѓу Реал Мадрид и Таварес се водад уште од минатото лето, но нема напредок бидејќи европскиот шампион не сака да му ја исполни желбата на кошаркарот и да му даде поголема плата од таа што сега ја добива, три милиони евра бруто.

Според весникот „Марка“, Панатинаикос на Таварес му нуди годишна плата од три милиони евра нето и за очекување е центарот да ја прифати понудата на грчкиот тим.

На крајот од сезоната, договорот му истекува и на Марио Хезоња кој не би имал ништо против да се врати во Панатинаикос, но порача дека во предност ќе биде Реал Мадрид, кој ако му понуди примамлива сума – тој ќе остане во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести