4.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Панатинаикос најрасположен, Миовски со пораз дебитираше во Лигата на Европа

Глазгов ренџерс, за кој Бојан Миовски ги одигра последните десет минути, беше поразен на свој терен од Генк со 0-1, а голема заслуга за поразот на шкотскиот тим има Диоманде, кој за крвнички старт доби црвен картон во финишот на првото полувреме и го остави Ренџерс со играч помалку на теренот.

Белгијците го искористија тоа, дадоа два гола, од кои едниот беше поништен, а утнаа и еден пенал, сето тоа го направи Кореецот Ох Хеон-Гју. Миовски влезе во игра во 80-тата минута. Наредниот меч на Ренџерс во ЛЕ е против Штрум во Грац.

Најубедлива победа на вечерашните мечеви во Лигата на Европа извојува Панатинаикос, кој со 4-1 триумфираше на гости кај Јанг бојс. Три гола за ПАО даде Мароканецот Абас Зарури.

 

- Оглас -

Најнови вести