Панатинаикос поразен од големиот ривал во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос го победија големиот грчки ривал Панатинаикос на гости со 89-94, во осмото коло од Евролигата. Црвено-белите имаа водство во најголемиот тек од натпреварот, највисоката предност беше 13 поени, а Панатинаикос само еднаш поведе, во 37-та минута, со 83-82.

Во финишот се разигра Фурние кој со тројки ја урна надежта на домаќинот дека може да стигне до пресврт и да оствари триумф.

Олимпијакос ја доби првата четвртина со 15-20, а на полувреме имаше осум поени предност (33-41).

Еван Фурние со 22 поени беше најефикасен во тимот на Олимпијакос, а Александар Везенков два поени помалку, исто колку и Кендрик Нан од составот на Панатинаикос.

Монако на гости го победи Анадолу Ефес со 69-81. Георгиос Папајанис со 15 поени го предводеше Монако до триумф.

- Оглас -

Најнови вести