Македонската фудбалска легенда и еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Црвена ѕвезда, Дарко Панчев, во разговор за „Спорт клуб“ го критикуваше она што се случи синоќа на „Сан Сиро“ во Милано, кога Милан со сомнителен гол ја победи Ѕвезда.
„Да се случеше тоа во шеснаесетникот на италијанскиот претставник на крајот, сигурно ќе беше досуден прекршок, немаше ни да се гледа во ВАР-просторијата. Толку од чесноста. Лицемерието кое Западот го покажува кон клубовите од Истокот доби нова потврда и нова димензија. Играв фудбал, знам што е фаул. Брука, срамота!“, рече Панчев, скопската Кобра.
„Разочаран сум од начинот на којшто бевме поразени од фаворизираниот седумкратен шампион на Стариот Континент, а во исто време задоволен сум што Ѕвезда покажа кој е и што е, докажувајќи дека ѝ припаѓа на европската елита. Клубот е на добар пат, тимот созрева за високи цели, тренерот Милојевиќ прави мудри потези, главата горе, напред Ѕвезда“, изјави Панчев.