Панчев: Фудбалските федерации треба да ги водат бивши истакнати фудбалери

Легендарниот македонски фудбалер, Дарко Панчев, во изјава за српскиот „Блиц“ рече дека ја поддржува кандидатурата на долгогодишниот играч и директор на Црвена ѕвезда, Драган Џајиќ за прв човек на Фудбалскиот сојуз на Србија.

„Видов дека Џаја е кандидат и јас му посакувам да победи. Во принцип, секогаш сум за тоа федерациите да ги водат поранешни истакнати фудбалери затоа што фудбалот е малку комплициран спорт и не е лошо да го води некој што цел живот е во фудбалот. Џаја е таков. Многу го ценам, беше голем играч, голем директор и, секако, придонесе за подобрување на фудбалот во Југославија и Србија. Годините не би требало да бидат проблем, тој нема други обврски, ќе се фокусира само на ова“, вели Панчев.

Изборот за претседател на ФСС е закажан за 14 март, а Џајиќ засега е единствен кандидат. Се зборува дека кандидатура ќе има и еден друг поранешен голем играч, Немања Видиќ.

- Оглас -

Најнови вести