Панчев и Најдоски на вибер стикери посветени на 30-годишнината од европската титула на Ѕвезда

Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда утре ќе прослави 30 години од најголемиот успех во клупската историја, а тоа е освојување на Купот на европските шампиони (денешна Лига на шампиони) во 1991 година. По тој повод, Ѕвезда одлучила во соработка со глобалната апликација за размена на пораки да ги израдува своите фанови со 17 нови Вибер стикери!

Стикерите се посветени на генерацијата која настапи во таа шампионска сезона, а меѓу фудбалерите се и Македонците Илија Најдоски и Дарко Панчев. На стикерот со сликата на дефанзивецот Најдоски, пишува „Нема понатаму“, алудирајќи дека покрај него не можеше да поминат противниците, додека кај Панчев придружниот текст е „Гоооол“, бидејќи Кобрата беше стрелец на голот од пенал кој на Црвено-белите им ја донесе славата таа вечер во италијанскиот град Бари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести