На 8 декември 1991 година, тогашниот европски шампион Црвена ѕвезда, го победи првакот на Јужна Америка, чилеански Коло Коло, со 3-0 во Интерконтиненталниот куп, а голем придонес дадоа и Македонците кои ги носеа дресот на српскиот тим. Дарко Панчев го даде третиот гол, додека Најдоски не дозволи Ѕвезда да прими гол.
Во голем дел од мечот, белградскиот тим играше со човек помалку по исклучувањето на Дејан Савичевиќ, а капитенската лента ја презеде Најдоски, и сосема ја оправда довербата, па ја имаше честа и прв да го крене пехарот пред 60.000 гледачи во Токио.