Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во разговор за српскиот „Блиц“ рече дека и за Македонија било добро што Црвена ѕвезда ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите.
Синоќа Ѕвезда во контролен дуел во Белград ја разби Фиорентина со 5-0 и сите голови паднаа во првите 27 минути.
„Не знам дали од 20 до 20.30 часот синоќа низ Белград помина она торнадо кое неколку дена прави лом низ Балканот или тоа беше Ѕвезда, баш ме интересира“, почна Панчев со насмевка на лицето.
„Го гледав мечот, тимот делува добро. Голема работа е што Ѕвезда е директен учесник во ЛШ, не само за клубот и српскиот фудбал, туку за целиот регион, па и за нас во Македонија, како што знаете, и тука има фанови на Ѕвезда“, додаде Панчев.