Најдобриот македонски фудбалер во 20-тиот век, Дарко Панчев, го прогнозираше исходот на вечното фудбалско Вечно дерби меѓу Црвена звезда и Партизан кое ќе се игра утре од 17 часот на стадионот „Рајко Митиќ“ (поранешна Маракана).
„Ги гледам 99 отсто од мечевите на Црвено-белите. Владан Милојевиќ е етаблиран тренер. Имавме високо мислење за него и пред да се врати, создаде одлична атмосфера, од претходно познаваше поголем број на играчи така што може повторно да заврши добра работа. Тешко е да се прогнозира резултатот.
Црвена звезда можеби е благ фаворит бидејќи е домаќин. Партизан игра доста добро сезонава и екипата одлично функционира. Пред време на никого не сакам да му дадам предност. Не верувам дека дербито ќе го одлучи шампионот, има уште многу натпревари да се играат до крај. Би сакал да домаќинот да победи и да биде убав натпревар“, изјави Панчев за „Спортски журнал“.