Панчев успеа на едно место да ги собере легендите на Вардар и на Црвена ѕвезда

Дарко Панчев, најдобриот македонски фудбалер на 20 век, вечерва во хотелот „Александар Палас“ го промовираше документарниот филм „Патот на Кобрата до ѕвездите“, а на промоцијата беа дел од најголемите легенди на двата тима во коишто Панчев остави неизбришлива трага, Вардар и Црвена ѕвезда.

Панчев на едно место успеа да собере фудбалски легенди како: Методија Спасовски, Васил Рингов, Илија Најдоски, Кочо Димитровски, Вујадин Станојковиќ, Ѓоре Јовановски, Томче Трајановски, Бошко Ѓуровски, Драган Стојковиќ, Дејан Савичевиќ, Стеван Стојановиќ, Слободан Маровиќ, а на промоцијата беа присутни и актуелниот селектор на македонската репрезентација, Благоја Милевски, претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, поранешниот претседател на МОК, Васил Тупурковски, архиепископот господин господин Стефан…

Документарниот филм „Патот на Кобрата до ѕвездите“ е во продукција на спортската телевизија Спортклуб, „Спорт нетворк продукција“ и на Спортското радио 90.3 е филм за патот и подемот на Дарко Панчев до европскиот и светскиот трон, а ќе се емитува од септември на Спортклуб.

- Оглас -

Најнови вести