Пандемијата пак напаѓа, се заканува со одложување на меч во Премиерлигата

Тотенхем има многу проблеми со пандемијата со Ковид 19, која повторно се разгоре и зафати дури шест играчи на Спарс и двајца од помошниот персонал, па можно е мечот со Брајтон закажан за во недела, на 12. декември.

Засега се уште не е дефинитивно потврдено дека Тотенхем нема да гостува на „Амекс“ стадионот во Брајтон во недела, но објавена е информација дека двете страни преговараат за множно одложување на мечот, што треба да се игра од 15 часот.

Тотенхем утре игра меч од Конференциската лига на УЕФА, на домашен терен против Рен.

 

- Оглас -

Најнови вести