Пандемијата почна да одложува и долгорочно – НБА Олстар-мечот во Индијанаполис наместо идната година, ќе се игра во 2024

Пандемијата со Ковид-19 почна да ги одложува натпреварите и долгорочно, па по едногодишното поместување на Европското првенство во фудбал и на Летните олимписки игри во Токио за ист временски период, сега на ред дојде и НБА-спектаклот, Олстар-викендот што требаше да се одржи од 12-14 февруари идната година.

Индијанаполис требаше да биде домаќин на најдобрите кошаркари од НБА-лигата, но настаноt е пролонгиран за цели три години и ќе се игра од 16-18 февруари во 2024 година.

Поради пандемијата со ковид-19, во НБА се откажаа од организација на настанот што беше планиран за три месеци, па сега Индијанаполис најпрво ќе ги почека Кливленд во 2022 година и Солт Лејк сити во 2023 година за да им биде домаќин на НБА-ѕвездите.

Индијанаполис по вторпат ќе биде организатор на НБА Олстар-меч откако беше домаќин на Сите ѕвезди во 1985 година.

- Оглас -

Најнови вести