Пандев 1, Несторовски 0 (видео)

Горан Пандев и во вториот меч за Џенова под команда на Тијаго Мота успева да се запише во листата стрелци. Македонскиот капитен донесе предност за неговата екипа во дуелот против колегата од репрезентацијата Илија Несторовски, односно Удинезе.

Одличната комбинација со Куаме во шестнаесетникот Пандев ја круниса со ефектен гол во 21-та минута за водство од 1-0, додека Несторовски само неколку минути подоцна се најде во ситуација да ги врати Зебрите во игра, а неговиот одбранет удар се окарактеризира како најсериозна шанса за Удинезе по половина час игра во мечот од 11-тото коло.

Сепак, предноста на Џенова траеше сè до израмнувачкиот гол на Де Паул кој следуваше во 32-та минута.

Погодокот на Пандев можете да го видите на следниот ЛИНК.

https://www.youtube.com/watch?v=-eYv7ZiKeEU&feature=youtu.be

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести