Пандев бара трпение, клучот е што побрзо да постигнеме гол

Горан Пандев вели дека ова е историска шанса за македонската репрезентација да игра на големо натпреварување, а една од пречките на долгиот пат кон ЕП 2020 е и селекцијата на Лихтенштајн.

Утре во Скопје ќе играме со апсолутниот аутсајдер во нашата група, заедно со Гибралтар, а победата не би тербала да дојде во прашање. Капитенот вели дека мора да се игра без нервоза, трпеливо за да се стаса до целта.

„Во Струмица игравме поинаков меч и тогаш го скршивме нивниот отпор по првиот постигнат гол. И сега ќе биде клучно што побрзо да им ја затресеме мрежата, но мора да бидеме трпеливи. Не смее да не фати нервоза, затоа што сме поквалитетни и верувам дека тоа ќе го покажеме на теренот. Добро го познавам Бухел, кој долги години игра во Италија, но во фудбалот не може да зависи се од еден играч. Поквалитетни сме и верувам во победа“, изјави Пандев.

Поради проблеми со стомачен вирус, вечерниот тренинг го пропуштија Мите Цикарски, Аријан Адеми, Стефан Спировски, Стефан Ристовски и Бобан Николов.

 

- Оглас -

Најнови вести