Пандев блесна, тимовите на Елмас и Несторовски потфрлија дома (видео)

Горан Пандев, капитенот на Македонија, со асистенција учествуваше во триумфот на Џенова на гости кај Специја со 2-1. Пандев ја покажа својата класа во 16-тата минута, кога ја украде топката и сам повлече контранапад, искусно со дриблизни изгради простор да проигра и му асистираше на Дестро за 1-1.

Нашиот најдобар фудбалер се задржа на теренот до 74-тата минута, излезе од игра веднаш по голот од пенал на Кришито за 2-1, со кој Џенова триумфираше првпат по три месеци пауза во Калчо лигата.

Вечер на разочарување беше за Елиф Елмас и Илија Несторовски. Наполи беше на прагот од пораз против Торино, но Инсиње спаси бод за домаќините длабоко во судиското надополнување, кога погоди за 1-1. Елмас почна од клупата за резерви, но се појави на теренот во 30-тата минута на местото од Деме.

Несторовски доби шанса во последните петнаесетина минути од поразот на Удинезе на домашен терен со 0-2 против Беневенто, меѓутоа македонскиот голгетер не успеа да круниса уште еден меч со погодок.

Останати резултати 14-то коло Серија А:

Милан 3-2 Лацио, Рома 3-2 Калјари, Болоња 2-2 Аталанта, Сампдорија 2-3 Сасуоло.

- Оглас -

Најнови вести