Пандев брзо се врати во погон, Џенова на затворени тренинзи готви изненадување за Рома

Горан Пандев тренира со соиграчите од Џенова и ќе биде подготвен за премиерниот дуел против Рома, во Рим, со којшто популарните Грифони ќе ја почнат новата сезона во Серија А.

Капитенот на македонската репрезентација имаше мал оток на ногата и од превентивни причини не настапи против Имолезе во Купот на Италија. Повредата не е сериозна и сега ќе биде подготвен за настап на „Олимпико“ против ривалот со кого биеше битки во големото дерби на Рим, како член на Лацио.

Тренерот на Џенова, Андреа Андреацоли, ги затвори тренинзите за јавност, а се кова тактика како да се изненади фаворитот Рома на стартот од новиот шампионат.

Џенова ќе гостува во главниот град во недела од 20.45 часот. Пандев и соиграчите ќе имаат тешка мисија да ја сопрат црната серија од 12 порази по ред на гостувањата кај Рома.

- Оглас -

Најнови вести