Пандев: Буфон ми кажа дека е среќен бидејќи нема да му давам повеќе голови

Горан Пандев од пред неколку дена и официјално е играч на Парма, а таму веќе неколку месеци од претходно е и Џанлуиџи Буфон.

Двете легенди на италијанскиот и европскиот фудбал ќе се обидат да ѝ помогнат на Парма да се врати во Серија А, додека нашиот интернационалец откри интересен детаљ за италијанските медиуми.

„Се надевам дека сè ќе биде добро во Парма и дека ќе ги оствариме целите, а тоа е влез во плејофот и пласман во Серија А.

Нема да се променат моите планови и на крајот на сезоната ќе означам крај на мојата фудбалска кариера. Големо е задоволството да се игра со Буфон, знаеме што значи тој за европскиот и светскиот фудбал, а кога дојдов ми кажа дека е среќен бидејќи нема да му давам повеќе голови“, изјави Пандев за италијанските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести