Пандев даде мајсторски гол, но… (Видео)

Македонија губи со 2:0 на полувремето во дуелот со Украина, иако нашите фудбалери успеаја да ја затресат мрежата на противникот. Во 39-тата минута направивме еден брз контранапад, топката дојде до Горан Пандев, кој успеа да се ослободи од противничкиот играч и потоа мајсторски, со лоб удар да го матира голманот на Украина.

Сепак, радоста на Македонија траеше само неколку моменти. Аргентинскиот судија, кој е прв неевропски арбитар што суди на ЕП, го поништи погодокот. Од повторената снимка се виде дека Пандев навистина бил во офсајд позиција.

- Оглас -

Најнови вести